Frequently Asked Questions
Како да ја регистрирам мојата картичка за Денот на Мастеркард за да може да се квалификувам за готовински поврат?
Потребно е да одите на https://www.priceless.com/MKden и да ја регистрирате вашата дебитна, кредитна или припејд картичка Мастеркард издадена од македонска финансиска институција и да ги внесете вашето име, адреса на електронска пошта и целосниот 16-цифрен број на Мастеркард и да стиснете на копчето „Регистрација“. По овој чекор, ќе добиете порака на екранот во однос на резултатот од регистрацијата: успешна или неуспешна регистрација. Исто така, доколку картичката е успешно регистрирана, на адресата за електронска пошта што ја внесовте во формуларот за регистрација ќе ви биде пратена електронска порака со потврда.
Како да знам дека мојата картичка е успешно регистрирана во програмата за Денот на Мастеркард?
Откако ќе го пополните формуларот и ќе притиснете на копчето „Регистрација“ на веб-страницата https://www.priceless.com/MKden, ќе добиете порака со потврда со зелена икона на страницата. Исто така, ќе добиете и електронска порака со потврда на електронската адреса што сте ја внеле во формуларот за регистрација.
Дали треба да ја регистрирам картичката при секоја фаза на кампањата?
Не, нема потреба да ја регистрирате картичката при секоја фаза на кампањата. Откако ќе се регистрирате, ќе учествувате во сите фази на кампањата и ќе добивате поврат на средствата за сите купувања поврзани со храна и пијалаци извршени на секој први во месецот во 2025 година.
Кои платежни картички може да учествуваат во кампањата Ден на Мастеркард?
Сите картички (дебитни, кредитни, припејд) на поединци издадени во Македонија може да учествуваат во програмата. Деловните картички и картичките Maestro/Cirrus не се дел од оваа кампања и не може да се регистрираат.
Колку картички може да регистрирам за Денот на Мастеркард?
Нема ограничување, ниту рестрикции во однос на бројот на картички што може да се регистрираат, така што во оваа програма може да регистрирате повеќе картички издадени во Македонија.
Кога и каков вид на купувања треба да извршам за да може да добијам поврат од кампањата?
Ќе добиете готовински поврат за сите плаќања за храна и пијалаци извршени од 00:00 до 23:59 во следните денови на Мастеркард:
• 1 јули 2025 година
• 1 август 2025 година
• 1 септември 2025 година
• 1 октомври 2025 година
• 1 ноември 2025 година
• 1 декември 2025 година
Купувањето храна и пијалаци значи секое купување извршено во ресторани, ресторани за брза храна, слаткарници, барови, угостителски објекти.
Дали плаќањата во странство се квалификуваат за поврат на средства?
Да, може да добиете поврат на средства за локални плаќања во Македонија или каде било во светот кај физички и онлајн трговци во категоријата храна и пијалаци. Повратот на средства се пресметува за купувањата извршени на првиот ден од секој месец, па затоа земете ја предвид временската разлика поради тоа што датумот и временската зона во земјата во која се наоѓа трговецот (регистриран онлајн трговец) играат улога за тоа дали купопродажбата ќе се квалификува.
Дали има максимално ограничување на повратот на средства што може да го добијам?
Да, има. Може да добиете максимум 10 % поврат на средствата од вкупниот износ на купувањата извршени на Денот на Мастеркард, што значи на први секој месец, ограничен на 1 500 денари по картичка месечно. Може да добиете повеќе поврати на средства доколку имате повеќе трансакции секој месец, но вкупниот поврат на средства за дадениот месец не смее да надмине 1 500 денари. Нема минимална или максимална вредност по трансакција за да може да добиете поврат.
Како ќе се пресмета повратот доколку сум платил/-а во странство кај трговец што учествува во програмата?
Повратот на средства ќе се пресмета како еквивалентен износ на фактичкиот износ повлечен од вашата сметка, порамнет во валутата на вашата картичка што се користела при првичната купопродажба што се квалификува за кампањата.
За колку време се добива повратот на средства?
Повратот на средства се врши автоматски, но не на местото на купување. Порамнувањето на повратот на средства може да варира во зависност од процедурите за обработка на трансакциите на трговецот и процедурите на издавачот на картичката, и може да трае до 10 (десет) дена од датумот на трансакцијата или и подолго во поединечни случаи.
Зошто не добив поврат на средства?
Повратот на средства не се врши на местото на купување. Периодот во кој ќе го добиете повратот е до 10 дена по купопродажбата. Исто така, препорачуваме да го проверите следново:
• Дали купопродажбата била извршена на Денот на Мастеркард, односно на први во месецот во 2025 година;
• Дали сте ја користеле точната картичка (односно онаа што е регистрирана во кампањата);
• Дали сте извршиле плаќање во категоријата храна и пијалаци;
• Дали сте го надминале прагот за поврат на средства од 1 500 денари во дадениот месец.
Исто така, може да има ситуации во кои трговецот не го нагодил правилно ПОС-терминалот и е регистриран во друга дејност, која се разликува од онаа што се квалификува во кампањата (храна и пијалаци).
Дали има надоместоци за повратот на средства?
Можно е издавачот на картичката да наплати одредени надоместоци за одредени купопродажби извршени со картичка и за износот на повратот на средства, но овие надоместоци не се поврзани со Мастеркард и со кампањата.
Дали ќе добијам поврат на средства ако сум извршил/-а купување кај трговец што учествува во кампањата, но сум користел/-а друга картичка за плаќањето?
Не. Повратот на средства се пресметува и се врши на картички Мастеркард што успешно се регистрирале во кампањата. Имајте предвид дека повратот на средства се врши за купувања извршени по регистрацијата на вашата картичка за кампањата Ден на Мастеркард. Претходните купопродажби (извршени пред успешната регистрација во програмата) нема да се земат предвид.
Каде може да проверам дали повратот на средства е префрлен на мојата картичка?
Сите трансакции на поврат на средства ќе го содржат описот „Поврат на средства за Денот на Мастеркард“ (MastercardDay cashback), така што може да проверите и да ги препознаете во списокот на трансакции на сметките на вашата картичка преку каналите овозможени од издавачот на вашата картичка (на пример, во апликацијата за мобилно банкарство, онлајн банкарство, банкарската сметка и изводот од сметката итн.).
Како да знам колкав поврат на средства ми бил префрлен?
Може да ги проверите трансакциите за поврат на средства (добиените пари) со опис „Поврат на средства за Денот на Мастеркард“ (MastercardDay cashback) преку каналите овозможени од издавачот на картичката (апликација за мобилно банкарство, онлајн банкарство, извод од сметката итн.) и нивниот вкупен износ ќе ви укаже колкав поврат на средства сте добиле.
Каде може да најдам детални информации за условите за учество во кампањата?
Условите за кампањата се достапни овде: https://www.priceless.com/MKden.
Дали мора да имам сметка на priceless.com за да може да ја регистрирам мојата картичка во кампањата Денот на Мастеркард?
Не, за Денот на Мастеркард не е потребно да имате сметка, но добредојдени сте да ја посетите веб-страницата priceless.com и да креирате профил.
Каде може да се обратам доколку имам прашања поврзани со програмата Денот на Мастеркард?
Сите прашања во врска со регистрацијата, купопродажбите што се квалификуваат за учество во кампањата, достапноста на понудите или пресметувањето на повратот на средства може да ги доставите на contact.republicofnorthmacedonia@priceless.com. Во вашето прашање напишете ја и адресата на електронска пошта со која сте се регистрирале со цел тимот за грижа на корисници да може да ги провери сите аспекти поврзани со вашето прашање. Сите прашања и забелешки се обработуваат во рок од 30 дена по нивниот прием. За решавање какви било прашања или забелешки не е потребно да ги наведете целосните броеви на картичките. Доколку вашето прашање е поврзано со конкретни добра/услуги што сте ги купиле кај одреден трговец што учествува во програмата, ве молиме таквите прашања да ги доставите директно преку каналите за грижа на корисници на конкретните трговци.
